Skip to main content
x

7 Dec 2019 - 23:55
sportmedia
Статија

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ одново е во центарот на вниманието во НБА лигата, затоа што запиша нов рекорд во денешната победа на Далас над Њу Орлеанс (130:84).

Дончиќ се изедначи со серијата на Мајкл Џордан на 18 натпревари да постигна барем 20 поени, пет скока и пет асистенции. Дончиќ им се приклучи на Џордан и на Оскар Робертсон како единствени со таков учинок.

Дончиќ дуелот со Њу Орлеанс го заврши со 26 поени, шест скоковви и девет асистенции.

sportmedia.mk

Најчитани вести