Skip to main content
x

7 Dec 2019 - 23:35
sportmedia
Статија

Претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија, Петар Јовановски, по вторпат ќе стане прв човек и на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА). Претходно тој ја вршеше истата функција и во 2012 година, а мандатот трае една година.

Претседателите на сите земји-членки на БВА се менуваат на оваа функција секоја година, а овојпат делегатите на 21. Конгрес на БВА одржан денеска во Букурешт го одлучи тоа. Потпретседател на БВА ќе остане Зоран Гајиќ, кој е прв човек на Одбојкарската федерација на Србија.

Највисокото тело на БВА ги одреди домаќините на претстојните балкански првенства. Македонија ќе бидеме организатор на Балканијадите во одбојка на песок во машка и во женска конкуренција на коишто право на настап ќе имаат одбојкари и одбојкарки до 20 години.

sportmedia.mk

Најчитани вести