Skip to main content
x

7 Dec 2019 - 21:35
sportmedia
Статија

Унгарскиот првак Веспрем ја доби првата рунда од домашната пресметка со својот лут ривал, Пик Сегед, 29:28 (15:15), а голманот Владимир Цупара беше херојот на мечот, кој го одбрани ударот на Жоан Кањељас и му донесе победа на својот тим.

Вистинско дерби одиграа тимовите предводени од двајцата шпански стратези, Давид Дејвис и Хуан Карлос Пастор, каде дури по 45. минута Веспрем за првпат дојде до предност од три гола, 25:22. Но, по тајм-аутот на Пастор, Пик Сегед одново се врати во игра и до самиот крај беше вистинска драма.

Мирко Алиловиќ го одбрани ударот на Петар Ненадиќ за победничка заверка на Веспрем, па Сегед доби шанса за реми, но Цупара запиша интервенција со која му донесе победа на тимот…

Македонскиот репрезентативец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков, се најде во составот, но не доби шанса на теренот.

sportmedia.mk

Најчитани вести