Skip to main content
x

7 Dec 2019 - 20:45
sportmedia
Статија
 

Одличен меч со шест голови одиграа градските ривали Леванте и Валенсија во 16. коло на шпанската Ла Лига. Домашните водеа со 2:0 но ја прокоцкаа предноста. Во првото полувреме свое шоу имаше Роџер од Леванте. Во 11 минута погоди на асистенција на Барди, а веднаш потоа реализира и пенал.

Но тоа не беше се. Во финишот на првиот дел ја погоди својата мрежа за надеж на Валенсија. А пославниот ривал во второто полувреме заигра фантастично. Во период од три минути (57. и 60. минута) со головите на Гамеиро го сврте резултатот.

Потоа почнаа проблемите за популарните „жапчиња“. Фалкон беше исклучен, па со играч помалку бркаа реми. Но не стигнаа до бод, затоа што Феран Торес погоди за конечни 4:2 за гостите.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести