Skip to main content
x

7 Dec 2019 - 20:05
sportmedia
Статија
 

ФОТО: Bitolanews

Љупчо Малинков имаше деби од соништата на клупата на Пелистер. Само со неколку тренинзи успеа да го најде победничкиот рецепт за незгодниот Гостивар, кој во Битола беше надигран со 89-79 (26-14, 30-15, 21-15, 12-35).

За Пелистер ова беше четврта победа оваа сезона, додека пак Гостивар го запиша третиот пораз.

Домашниот тим тргна доминантно со серија од 10-0, поведе со 14-3, а на крајот на третата четвртината позитивата изнесуваше 26-14. Никој не очекуваше дека битолчани ќе продолжат во ист ритам, во 17. минута се искачи на плус 26 (50-24). По овој резултат јасно беше дека победата ќе остане во Битола.

По одморот, избраниците на Малинков го одржаа водството. Гостивар се разбуди во последните десет минути (постигна 35 поени, наспроти 12-те на противникот), брзо ја намали огромната негатива и тоа благодарение на Димчевски кој голем дел од своите поени ги постигна во овој период, но немаше сили за целосен пресврт.

Цветковски со 20 поени и Казарновски со 17 поени го предводеа Пелистер, кај Гостивар, Димчевски имаше 23 поени.

sportmedia.mk

Најчитани вести