Лепа Брена, една од најпопуларните пејачки на Балканот, слави 28 годи брак со Боба Живоиновиќ.

Пеjачката открива дена ниту оваа година нема да има гламурозна прослава.

- Ние тоа го прославуваме многу лесно и едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампањ, седиме и се дружиме. Без многу гламур, објаснува Брена.

Балканската дива појаснува и дека цел декември во нејзиниот дом владее празнична атмосфера.

-Декември е месец во кој навистина имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат а тоа е да имате некаква комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември. Моите деца пораснаа па тие мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив, Многу сум среќна оваа година, затоа што јас и Боба славиме 28 години брак. Славиме годишнина, изјавила Брена.

Популарната пејачка на својот Инстаграм профил објави и снимка од венчавката.

-И така ние 28 години. Не е ништо страшно. Среќна жена. Јас немам друг дом, напиша Брена.

Најчитани вести