Регулацијата на паркингот, одржувањето на хигиената, обновата на „Партизан“, планско градење, реконструкција на плочникот во Порта Влае и др., се меѓу главните предлози на граѓаните на анкетниот прашалник за креирање на Буџетот за 2020 година, кој Општина Карпош го објави минатата недела, на својата веб страна ( https://bit.ly/2YpxjAz” https://bit.ly/2YpxjAz).

Повеќе од 300 граѓани од различни урбани заедници го имаат пополнето прашалникот. Нивните предлози се веќе проследени до секторите при Општината и во значајна мера влијаат во креирањето на буџетските програми.

Целта на партиципативното буџетирање и вклученоста на граѓаните и граѓанските организации е локалната самоуправа да добие точни и прецизни податоци за различните проблеми, да се направи приоретизација на проектите и рационално да се користат буџетските средства.

„Овој процес ја јакне довербата меѓу Општината и целокупната јавност. Имајќи предвид дека граѓаните со години не веруваа во локалната самоуправа, намерата е да се воспостави еден нов мост на соработка и постојана двонасочна комуникација. Ги повикуваме сите граѓани од Карпош, граѓански организации, претставници од приватниот сектор да го пополнат анкетниот прашалник и на директен начин да се вклучат во формирањето на локалниот буџет“, соопшти Општина Карпош.

извор: Makfax

Најчитани вести