Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селата Арачиново и Грчец во близина на Сарај, потврдуваат извори за Вечер.мк .

На барање на ОЈО и Судот, МВР уште вчера распишале потерница по Орхан Бајрами, а се бара и Шеваљ Муареми, како лидери на нарко-бандата од Грчец. Истовремено, се бара и Фатљум Ајети, син на покојни Џељо од Арачиново, како лидер на нарко-групата Беланоча.  

Според информации од терен, се расчистува целосно пукањето во Александар Палас, при што се сузбиваат и “Пилотите од Арачиново“ и “Падобранците од Грчец“. Во пакет со тоа се вршат претреси за дрога и оружје.

Од полицијата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата.

Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје официјално не се откриваат.

Во интерес на акцијата детали не се соопштуваат. Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

 


 

Најчитани вести