Градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов денес повторно влезе  во конфликт со жител на градот.  Шилегов денеска жител кој се пожали на проблеми и дека ништо не е направено му порача никогаш да не го гласа ако е незадоволен.

Никад да не ме гласаш више“ му порача Шилегов на незадоволниот скопјанец.

На тоа овој жител на Скопје истакна според власта се е во ред, но на збор, а во реалност нема ништо.

„Се ближат изборите, пак ќе дојдете важно водата поевтини, супер е автобуси има, се има. На збор е супер, а во реалност нема ништо.“ рече тој и додаде:

За седум дрвца, камери, си прават филмови, мислат дека народот им верува. Со седум дрвца ништо не се прави, каде се автобусите каде е гасификацијата што ја вети, мостовите, триста работи ветија ништо не е направено

Шилегов обвини за клиентелизам и барање вработување на што граѓанинот на Скопје потенцираше дека не бара работа затоа што има пензија.

Инаку Петре Шилегов денес присуствуваше паркот во кругот на Градежниот и Архитектонскиот факултет беа заседени 7 садници од видот платан. Меѓутоа Шилегов не сакаше да фати лопата и да засади два од вкупно седум садници кои му ги оставиле тој да ги засади пред камерите.

„Јас не сум градоначалник кој што ќе фаќа лопати, кој што ќе сече ленти, кој што ќе облака жолти чизми затоа што се случуваат определени настани на територија на град. Моја работа е овој град да го организираме да биде функционален.“ вели Шилегов.

 

Градоначалникот на Скопје и вчера влезе во конфликт со жители на Скопје, откако сезонски работник му се пожали дека 9 илјади денари плата, 3 месеци нема земено. 

Најчитани вести