Денешното рочиште за случајот „Рекет“ продолжи со прашања на одбраната кон бизнисменот Орце Камчев. Прашања поставуваше и обвинетиот Боки 13, но обвинителката Русковска рееагираше на начинот на кој се поставуваат прашањата, при што Боки изгуби контрола и и довикна да не се дере

„Не се дери, потивко“, и довикна Боки на Русковска.  

Испрашувањето повеќе личеше на караница, па на забелешката на Камчев дека на сите им е јасно дека не е реално да плати 200.000 евра за рекламирање на телевизија, која има рејтинг од 1%, Боки 13 изјави дека ќе бара пари колку сака.

Можам за реклами да барам колку сакам, како што вие наплаќате за операции колку што сакате, а тие се неуспешни, рече Боки 13“

На ваквиот тон реагираше и судијката која потенцираше дека ова не е театар туку е судница.

Најчитани вести