Независниот суд на Република Северна Македонија не им одреди притвор на нападните членови на нарко-групата од Грчец заради кои беше изведен вооружен напад во хотелот за свадби Александар Палас.

Напротив, ги ослободи, само со земање пасоши (кои веруваме дека ги користеле).

Напаѓачите, кои според АлсатМ, завршија во Арачининово, не се ниту идентификувани, ниту најдени.

Според информациите на АлсатМ, џипот на напаѓачите заврши запален во Арачиново, заедно со оружјето од нападот. Тие се во бегство, а МВР никогаш не го откри нивниот идентитет. 

Пукано е врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени. Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.

Алсат пак, од свои извори, објавува дека трагите за напаѓачите водат кон Арачиново. Според нив во атар на с.Арачиново пронајдено е опожарено возило „Фолсваген Туарег“  во кое имало две автоматски пушки.  Истотака околу 08:30 часот е пријавено е дека на паркингот испред „Александар Палас“, било оштетено возило „Фиат“.

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас. Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Вечер повеќе пати пишуваше и најавуваше дека е можен судир помеѓу групите од Грчец и Арачиново за превласт на нарко пазарот и дека тоа ќе се случува затоа што полицијата не презема мерки кои биле договорени со американската агенција ДЕА за сузбивање на нарко пазарот во Македонија.

 

 

Најчитани вести