Skip to main content
x

2 Dec 2019 - 21:45
sportmedia
Статија
Loading..

Она што беше најавено сега доби и официјална потврда. Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси по шести пат во кариерата ја добива „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот за 2019 година во изборот на францускиот магазин „Франс фудбал“. Најголемиот конкурент на Португалецот оваа година, дефанзивецот Вирџил ван Дајк остана на второто место откако не доби доволно гласови за да го претекне фудбалерот на Барселона. Португалецот Кристијано Роналдо е трет.

Што се однесува до бројот на трофеите, Меси сега има шест „Златни топки“  (претходно ги освојуваше во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015) и го претекна големиот ривал Роналдо кој остана на пет.

ТОП 10

  1. Лионел Меси
  2. Вирџил ван Дајк
  3. Кристијано Роналдо
  4. Садио Мане
  5. Мохамед Салах
  6. Килијан Мбапе
  7. Алисон Бекер
  8. Роберт Левандовски
  9. Бернардо Силва
  10. Ријад Марез

sportmedia.mk

Најчитани вести