Loading..

За жал, ова е само континуитет на една криминална власт која што владее во Македонија. Очигледно, намерите уште од самото доаѓање во Владата и од формирање на поширок систем во кој покрај Владата влегува и обвинителски и правосуден систем, била да се исцицаат ресурсите на државата, да се искорумпираат основните носители на власта и преку една масовна корупција да го корумпираат општеството и на тој начин да ги управуваат процесите.

Ова го потенцира Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за КУРИР.

-За среќа на Македонија, а за нивна жал, тоа е неуспешно бидејќи Македонија има силно развиено демократско општество кое ги препозна овие работи и си излегуваат на виделина. По промената на власта која ќе се случи после изборите во април следната година уште повеќе работи ќе излезат во јавност затоа што сме свесни дека одредени работи се кријат, за одредени работи луѓето и се плашат да ги кажат, но ќе си излегуваат и после промените кои следуваат следната година, рече тој.

Во врска со „Рекет“, Николоски најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта, ќе следуваат сериозни истраги.

-Имаме една комплетно коруптивна шема која завршува со првиот човек на Владата. Тоа не говори за ништо друго туку за урнисан систем. Никој во Македонија не може да поверува дека некој бизнисмен би му дал евро на Боки 13, а камоли толкави милиони евра да се вртат ако позади него не стои самиот врв на власта. Според сознанијата кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, рекетирани се многу повеќе бизнисмени од овие кои се познати во јавноста. Тие луѓе се плашат да излезат јавно, до некаде можам и да ги разберам. Вкупната сума која што е изрекетирана е преку 20 милиони евра. По промената на власта ќе се спроведе една сериозна истрага за да се види кој се бил предмет на уцена, колку пари и од кого се побарани и дадени, рече Николоски.

Најчитани вести