Loading..

Македонскиот претседател Пендаровски се почесто станува предмет на потсмев во нашата, но и во регионалната јавност. Од обраќењето кон бугарскиот премиер Бојко Борисов со “Кај си љубави...“ после што Бојко му сврте грб на Стево и си продолжи со мубатетот со српскиот претседател Вучиќ... до навиката на Стево Пендаровски како каде се најде, за каков медиум дава изјава, да го каже не она што го мисли и што е став на државата која ја претставува туку за атер на сите да им го зборува тоа што сакаат да го чујат. 

За бугарските медиуми дава пробугарски ставови и ја нуди Македонија за бугаризација. За српските медиуми вели дека и со нив имаме заедничка историја и заедничка иднина... Прашање е дали ние воопшто имаме своја нација, свој јазик и своја историја, или според македонскиот претседател Пендаровски ние сме само рефус и отпадок од историјата на другите. Крај не му се фаќа, но јасно е дека никој не му верува во она што го зборува, главно меѓу дипломатите и државниците од регионот е добар за мајтап и исмевање на негова сметка.

 

Најчитани вести