Loading..

НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза и во режија на Билге Емин во четврток со почеток во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија и се изведува со титл на македонски јазик.

Единаесетгодишениот Фердинанд Реј со стап го удира Бруно Улије по лицето.Двата пара Реј и Улије, чии деца се скарале се среќават за да го решат проблемот по мирен пат. Комуникацијата на средбата започнува цивилизирано. Но, како разговорот се развива започнува да се рефлектира несреќата на секој поединечен лик и средбата е осудена на катастрофа. Претставата започува со мислата ‘Дека без оглед на сé, постои нешто што се вика уметност на соживот„ но со развојот на дејствието започнува да се доведуваат во прашање виталните животни вредности како што се брак, деца, професија, социјална средина, статус итн. Во текот на овие анализи се согледува дека насилството постои во нас а дивјаштвото е дел од нас.

Вероник, Мишел, Анет и Ален се поединци кои се трудат да држат чекор со системот. Средбата која започна на многу цивилизиран начин, завршува со избивање на дивјаштвото кај сите нив. Во текот на драмското дејствие на гледачот му се наметнуваат низа витални прашања: дали „дивјаштвото” е вродена состојба или чувство кое подоцна ни било наметнато; дали ние управуваме со институцијата брак или ние сме управувани од  институцијата; имајќи на ум дека секој гледач може да се соочи или на своја кожа да ги осети наведените состојби.
Егото го води човекот до изумирање. Кога поединецот кој негативно го храни своето его, се соочува и со ароганцијата, тогаш поаѓајќи од изреката на Макијавели `Целта ги оправдува средствата’ насилството и дивјаштвото ја оправдувааат својата намена.

Без оглед колку човекот се обидува да излезе од системот, системот го привлекува. Не можете да се спротивставите на системот. Во мигот кога ќе се спротивставиш твојот „Бог на дивјаштвото“ ќе биде уништен од неговиот бог на дивјаштвото. Важно е дали да се држи чекор со системот или не? Дали да се  постигне решение на проблемот или не? Сето тоа е определено од одлуките и изборот на поединецот.  

извор: Makfax

Најчитани вести