Loading..

И Кипар во игра

Турција нема намера да ги повлече бродовите од источно Средоземје, рекол денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Станува збор за два брода за дупчење и експлоатација на нафта и дава извиднички брода кои моментално се во потрага за нафта и гас недалеку од ексклузивна зона на Кипар.

- Бродовите ќе продолжат да ја извршуваат својата функција. Турција нема да дозволи други да ги загрозуваат нејзините интереси и интересите на кипарските Турци – рекол Ердоган.

Тој навел дека меморандум за разбирање со Владата на Либија прво мора да помине на турскиот парламент, а потоа да стапи на сила.

Содржината на Меморандумот на Ердоган за разбирање со премиерот на Либија Фајез ал Саранџ не објавен, во кој наводно содржи демаркација на границите на двете земји на море, занемарувајќи ја Грција и Кипар.

Исто така, договорот целосно го игнорира фактот дека Либија и Турција не делат граници на маре.

Најчитани вести