Loading..

Судот во Тетово ќе решава за случај каков Македонија во својата историја не памети. По развод на ридителите таткото бара да се одземе мајчинство на мајката, и практично детето да биде без позната мајка, и да нема никакви контакти меѓу нив.

Не се работи за одземање старателство, што е стандардно во вакви постапки, туку името и постоењето на мајката да се избрише од потеклото на детето! Имено според документацијата пред судот, таткото Невзат Абдија од Тетовоимал нарушени брачни односи со сопругата Ханифе Бејтулаи па на почетокот на 2014 година Невзат ја претепал Ханифе Бејтулаи, се заканувал со пиштол на нејзиното семејство, го грабнал малолетното дете и два дена го чувал на непозната адреса, а кога полицијата била повикана да асистира го нападнал и службено лице за што е осуден со првостепена пресуда на казна затвор од 6 месеци која по негова жалба е преиначена во условна осуда од Апелациониот суд во Гостивар.

Во периодот од 2014 година до Септември 2017 година, Невзат Абдија воопшто не се интересирал за синот и не пројавил никаков интерес за детето, неговиот развој и воспитување. Во Октомври 2018 година Невзат Абдија повторно преку неговиот адвокат Александар Симјановски поднел предлог за одземање на родителско право на Ханифе Бејтулаи.

Потенцираме не за одземање на старателство, туку за одземање на родителско право! Согласно одредбите на Законот за семејство, доколку постојат оправдани причини за одземање на родителско право, МЦСР Тетово треба да поднесе по службена должност до судот во Тетово барање, но очигледно на непостоење на услови за истото и од претпазливос, предлогот го поднел Невзат Абдија, а тие до судот потоа доставиле позитивно мислење на таквиот предлог, да се одземе родителското право.

На расправа одржана на ден 27.11.2019, повикани се социјалните работници од Скопје, кои дадоа наводи дека мајката одлично се грижи за детето и ги задоволува сите негови потреби, изјавија дека од Судот од Тетово немаат добиено барање за донесување на мислење за одземање на родителско право на мајката Ханифе, а доколку добиле дека ќе одговореле негативно. Сега судот во Тетово е пред скандал!

Да одземе родителско право, што суштински значи мајка на дете да биде избришана од родителство, затоа што таткото на детето тоа го бара и преку локални тетовски врски со судот и социјланите слуби притиска за пресуда со таа целж, иако независните и стручни служби од Скопје го тврдат спротивното. И природно, и правно, мајка која родила дете и е при здрава свест и одговорен член на општеството и семејството не може да остане без право на родителство за дете кое лично го родила. Како судот во Тетово ќе го спроведе ова останува да се види во иднина.

Најчитани вести