Loading..

Станарите на едно зграда во Тирана со брзање ги напуштија своите домови бидејќи после серијата земјотреси кои ја потресоа Албанија, зградата се расцепи на половина.

Седумкатницата е изградена пред 5 години, а во неа живееле околу 120 станари.

Пукнатините се видливи во зградата на повеќе места, а највидлива но и најопасна е пукнатината што се појави во средина на зградата.

Станарите ги зедоа најпотребните работи и излегоа со кеси во рацете во страв дека се ќе пропадне.

За потсетување, најмалку 40 луѓе загинаа во земјотресите коишто ја погодија земјата рано во вторникот, а околу 600 се повредени.

Најчитани вести