Loading..

Ружа Игњатова се наркуваше себеси „Криптокралица“, кралица на крипто валутите од кои најпознат е Биткоин. Им кажуваше на луѓето дека создала нова криптовалута за да се натпреварува со биткоин и ги убедуваше да инвестираат милијарди во него, а потоа - пред околу две години - исчезна.

Ејми Бартлет поминала месеци истражувајќи ја мистеријата за тоа како таа успеала вомоваа измама вредна над милијарда долари, и обидувајќи се да открие каде се кријат исчезнатите криптовалути.

На почетокот на јуни 2016 година, Ружа Игнатова (36) одржала говор на „Вембли арената“ во Лондон пред илјадници фанови, облечена во фенси фустан, украсена со дијамантски обетки. Таа пред публиката изјави дека нејзиниот прокет OneCoin ќе стане најголемата светски криптовалута за сите.

Bitcoin беше првата криптовалута и сè уште е најголема и најпозната, но во тоа време само што влегуваше во големиот пазар и многу луѓе сакаа да се вклучат во можноста да тргуваат со криптовалути.
- OneCoin е убиец на биткоин. За две години, никој нема повторно да зборува за биткоин “, зборуваше Ружа во арената.

Во целиот свет, луѓето веќе ги вложија своите заштеди во OneCoin со надеж дека ќе станат дел од новата финансиска револуција. Документите објавени на БиБиСи покажуваат дека луѓето потрошиле скоро 30 милиони евра на OneCoin во првите шест месеци од 2016 година, од кои два милиони за една недела. Помеѓу август 2014 година до март 2017 година, повеќе од четири милијарди долари дојдоа од десетици земји - од Пакистан, Бразил и Хонг Конг до Норвешка, Канада и Јемен, па дури и Палестина.

Но, имаше нешто важно што инвеститорите не го знаеа, и за да го разберат неопходно е да се знае како работи криптовалутата, што не е лесно. Но, прво, треба да се разбере дека таа вреди конкретни пари само затоа што луѓето мислат дека е така. Без разлика дали банката издава белешки или дигитални записи, принципот е ист - тоа функционира само кога сите веруваат во тоа.

Луѓето долго време се обидуваа да направат форма на дигитални пари, независно од националните валути, но овие проекти пропаднаа затоа што никој не веруваше во нив, пред се заради леснотија за фалсификување. Биткоин го реши тој проблем. Таму се зависи од посебен вид база на податоци наречена blockchain, што е како финансиска книга, при што сопствениците на биткоин поседуваат независни, но идентични копии. Секој пат кога биткоинот се испраќа од една до друга личност, трансакциската нота, записот оди до нивните книги. Никој - ниту банката, владата, ниту лицето кое тргувало биткоини - не може да го промени тоа. Ова значи дека биткоинот не може да се фалсификува, хакира или троши двапати.

Како е откриена измамата на Бугарката?

Ружа Игњатова сакаше да ја продаде оваа идеја на масите и да заработи пари. Но, нешто тргна наопаку. На почетокот на октомври 2016 година, четири месеци по обраќањето на Ружа во Лондон, службите за вработување го повикаа експертот за блокада, Бјорн Бјерк, со необична понуда. Стартапот за криптовалути од Бугарија го бараше нудејќи му стан, автомобил и годишна плата од 250.000 фунти.

- Размислував за тоа што ќе биде мојата работа таму и мислев дека најпрво им е потребна blockchain финансика книга, бидејќи тие ја немаат. Но, тоа беше поинкава компанија за криптовалутност од она што јас го очекував, вели Берк.

Тоа беше компанија за криптовалути и веќе работеше некое време иако немаше потребна книга за финансиски трансакции блокчејн, како што има Биткоин, поради што им требаше Бјерк. Тој ги праша за што станува збор со ваквата компанија, а кога му кажа дека станува збор за OneCoin, Бјерк ја одби работата.

Џејн Мекадам е една од оние што инвестирале во криптовалутноста на Руја. Инвестирала 10.000 евра и ги убедила пријателите и семејството да инвестираат вкупно 250.000 евра. Џејн Мекедам редовно ја посетувала официјалната веб-страницата на OneCoin гледајќи како расте вредноста на нејзиниот влог и планирала патувања и шопинг. Сепак, на крајот на годината, непознат маж ја повикал преку интернет изјавувајќи дека тој е човек со добра намера кој го проучувал системот на OneCoin и сакал да разговара со инвеститорите. Тој странец бил Тимоти Кари, ентузијаст за биткоини и активист за криптовалути. Тој кажал дека верува што OneCoin ќе изврши продажба на криптовалути на измамнички начин и ја советувал Макадам дека станува збор за измама и дека може да го докаже тоа.

Токму Тимоти Кери запознал Мекакадам со Берк, кој детално и објаснил дека компанијата на Ружа нема никаква книга на финансиски трансакции, блокчејн. По оваа информација инвеститорот Џејн Макадам почнала да ги испрашува лидерите на нејзината група OneCoin за блокчејн. Тие најпрво рекле дека не треба да знае ништо за тоа, но бидејќи била упорна добила говорна пошта во април 2017 година.

- Океј Џејн, и рекол соговорникот, ова е одговорот н твоето пршање: тие не сакаат да ги споделат тие информации каде е нивната финансиска книга, блокчејн, за да не се случи нешто лошо со неа. Плус, на таа апликацијата не и треба сервер, тоа е нашата посебна технологија за blockchain, SQL-сервер со база на податоци, бил неговиот одговор.

-Благодарение на Бјерк и Тимоти Кери инвеститорката Џејн Макадам дозна дека стандардната база на податоци на SQL-серверот не е основа за вистински криптовалути, бидејќи управителот на базата на податоци може едноставно да влезе и да ја менува по своја волја.
„Паднав на подот од тој шок“, изјави Џејн Мекадам.

Неизбежниот заклучок беше дека бројките што растат на веб-страницата на OneCoin немаат смисла ниту финансиско покритие. Таа и нејзините пријатели и семејството фрлиле во ветер 250.000 евра.

Исчезнува на патот кон Лисабон

Во меѓувреме, Бугарката Ружа Игњатова продолжи да патува низ светот и да  „продава маглата“, со надеж дека ќе привлече нови инвеститори. Вложувањата во OneCoin рапидно растеле, а таа почнала да го троши своето ново стекнато богатство. Руја купила мултимилионски имот во Софија и на црноморското одморалиште Созопол. Била домаќин на забави во нејзината луксузна јахта „Давина“, а во една прилика гостинка и била и американската поп-ѕвезда Биби Рекс на еден ваков настан во јули 2017 година.

Како и да е, бидејќи нејзината компанија постојано ја одложувала долгоочекуваната размена кога OneCoin треба да се претвори во готовина, инвеститорите станале се позагрижени. Ружа требала да им објасни се на голем митинг во Лисабон во октомври 2017 година. Познат за точност, Ружа Игњатова сепак тој ден не се појавила.
- Таа беше на пат низ Европа. Никој не знае зошто не пристигна - се сеќава на еден од учесниците.

Следеле панични повици и пораки, а откако контактирале со седиштето во Софија дознале дека ниту тие не знаат ништо. Некои стравуваа дека е киднапирана, па дури и убиена, но Ружа всушност исчезнала од светот. Документите на ФБИ, презентирани пред судот претходно оваа година велат дека на 25 октомври 2017 година, две недели откако таа не успеала да се појави на митингот во Лисабон, се качила на летот на Рајанер од Софија кон Атина и потоа исчезнала целосно од радарот. Ова беше последен пат кога некој слушнал или видел Ружа Игњатова.

OneCoin се уште постои

Тешко е да се каже колку пари се вложувани во OneCoin. Документите што се појавија на Би-Би-Си покажуваат дека меѓу август 2014 и март 2017 година биле инвестирани околу четири милијарди евра, но некои веруваат дека бројката може да достигне дури до 15 милијарди евра.

Орџ Кат, продуцент на „The Missing Cryptoqueen“ реши да ги следи парите. Оливер Булог, експерт за паралелен свет во сенките каде криминалците и суперсилите го кријат своето богатство, објаснува дека не е така лесно да се следат парите бидејќи криминалците ги структурираат своите компании и банкарски сметки, така што нивните средства ќе ги снема на начин кој е професионално изведен и многу тежок за следење.

- Да, таа криптовалута OneCoin се уште постои. Може да се користи за купување разни работи, за политичко влијание, убави куќи и јахти. Но, кога треба побарате некого што менаџира со тој имот, тие се невидливи, истакнува експертот Булог.

И корпоративната структура на OneCoin е многу сложена. На пример, Ружа купила голем имот во центарот на Софија. Технички, тој е во сопственост на Ван Проперти, кој е во сопственост на Риск ЛТД. Таа фирма Риск ЛТД беше во сопственост на Ружа, но сопственоста беше пренесена на неименуваните Панамас, која пак е управувана од друга компанија наречена Перагон, сопственост на фирмата Артефикс, која е во сопственост на мајката на Ружа, Веска Игњатова. Сопственоста на Артефикс била продадена во 2017 година на непознат човек во неговите дваесетти години.

Во поврзаната глобална економија, средствата едноставно можат да исчезнат и вие завршувате со бркање сенки, а како што заклучува Би-Би-Си, кога се справувате со измама од мулти милијарди евра, не е невообичаено да се појават разни заинтересирани групи во сенката.

Интересно е што бизнисот на OneCoin продолжи и го презеде братот на Ружа, Константин Игњатов, по нејзиното исчезнување. Министерството за правда на САД тврди дека има докази за поврзаност помеѓу Константин Игњатов и „значајни играчи во организираниот криминал во Источна Европа“. Тој беше уапсен во Лос Анџелес на почетокот на март 2019 година кога сакаше да се врати во Бугарија по митингот поврзан со OneCoin. Додека се качувал за влез во авионот, бил уапсен од агенти на ФБИ и обвинет за измама поврзана со OneCoin. Во исто време, американските власти ја обвинија Ружа Игњатова во отсуство за измама и перење пари. Интересно е што, и после сè, OneCoin продолжи да функционира и луѓето продолжија да инвестираат во тој систем за невидливи криптовалути и покрај се што им се случило на другите кои инвестирале пред нив. Верувањето во нешто е посилно од доказот дека тоа нешто воопшто не ни постои. Стотина купувачи на OneCoin има и во Македонија.

(Vecer.mk)

Најчитани вести