Loading..

Катастрофален земјотрес ја погоди Албанија – 19 мртви и над 600 повредени лица.

Ги нема на терен Али Ахмети, Зијадин Села, Бујар Османи, Арбр Адеми, Теута Арифи, сестра и, Артан Груби, Муса Џафери, Арбен Таравари, Мендух Тачи, Мухамед Зекири, Африм Гаши, нема на терен ниеден кој ги користи албанските услуги за привилегиите од власта која како меѓународна поддршка им ја дава Албанија.

Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.

Потресот однесе 20 животи, а повредени се 600 лица.

Во 3 часот и 56 минути се почувствува и во Македонија и ги испаничи жителите.

Помош стига од сите страни во Албанија и сеуште се бараат преживеани.


Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ.

Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите.

Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна... Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.

Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност.

На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед.

Најчитани вести