Loading..

Шефицата за дела од организиран криминал при Јавното обвинителоство, Вилма Рускоска, очигледно има намера да ги истурка криминалите во СЈО ако не до самиот крај, тогаш што е можно подлабоко од досегашните, првични докази.

Нејзината изјава дека се обидуваат да и го урнат и изграат трудот откако, очигледно со поддршка од врвот на власта, притворената Катица Јанева од Шутка беше ослободена и однесена во домашен притвор нема да заврши на емотивно празнење со СМС пораки, туку на подлабоко навлегување во очигледниот финансиски криминал во СЈО во кој сосема е сигурно не е вклучена само Катица Јанева, туку и нејзини колеги и колешки кои така благопријатно добивале по 150-200.000 евра над платата за “чување на тајните од работењето на СЈО“ иако знаеле дека тоа се незаконски стекнати пари.

Вилма Рускоска во СЈО влезе со двајца финансиски истражители и тоа не со налог од Судот со кој е во конфликт поради пуштањето на Катица Јанева од Шутка, туку со барање од Јавното обвинителство. И самото тоа говори дека постои сомневање за корупцијата во судството за потреби на извршната власт, во случајов видено преку неочекуваното и непоткрепено ослободување на Катица Јанев од Шутка која е потенцијална опасност со свои искази, докази и преписки да нанесе проблеми на врвот на владата која со години соработувала со неа за политички потреби. 

ВЕЧЕР дознава дека во СЈО не се само финансиски истражители, туку и најспособните од одделот за компјутерски криминал кои истражуваат компјуетри и севкупна комуникација на обвинителите од СЈО која досега беше недостапна за ЈО, како и луѓе од техничката логистика за обвивање на каси и трезори.

Имено, според информациите на порталот ВЕЧЕР, во СЈО има осум каси во кои се чуваат архивски материјали, докази, телефонски разговори, пари и компјутерски содржини. Во некои од касите имаат пристап истражителите, во други обвинителите а во една од нив пристап има само Катица Јанева со своја шифра. Таа шифра за влез Катица Јанева не ја дава на обвинителката Вилма Рускоска па техничката логистика во оваа акција на Вилма Рускоска била принудена да врши насилно разбивање и отварање на таа каса за да се допре до нејзината содржина.

Финансиските истражители, до времето на пишување на овој извештај, 18:30 минути, уште сега при самиот попис и опис на документите имаат најдено криминал во финансиските книги на СЈО, помеѓу останото дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО! Ова значи дека вишокот пари кои се делени, а се работи за големи цифри од ститина иљади евра годишно просечно по обвинител, делумно се и од непознато потекло! Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат. 

Но, од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт. Ако се знае, а се знае, дека Вилма Рускоска има силна поддршка од Американската амбасада да ја расчитува до крај корупцијата во СЈО  сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителуте во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто иљади евра екстра приходи без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија.

СЈО во делењето пари надвор од закон и стандарди меѓу обвинителите има јавна поддршка и соучесништво од премиерот Зоран Заев кој, деновиве, се обиде да го замачка скандалот со изјавата дека обвинители на СЈО имале само 30% поголеми плати од обвинителѕе во ЈО, што било “нормално со оглед на околностите“! Кои се тие околности, премиерот не кажа но покажа дека со сите сили се труди да ги амнестира Катица Јанева и нејзините обвинители и истражители кои се до гуша заглавени во јавно видлива корупција.

Катица Јанева, наредните денови, може да очекува враќање во затворот во Шутка. Имено, таа би можела да добие ново обвинение за злоупотреба на службената положба, овојпат во врска со став 5, а тоа е веќе корупција на државни пари за што е запретена и поголема казна од најмалку 5 години затвор. За ова дело може да се очекува и проширување на истрагата за други обвинители кои по службена должност биле соработници на шефицата Катица Јанева и кои знаеле, или морале да знаат, дека со ваквата поделба на големи пари меѓу себе се врши кривично дело на штета на буџетот. 

Најчитани вести