Loading..

Бројката на повредени во моментов во земјотресот кој утринава го погоди албанскиот град Драч вртоглаво расте и во овој момент се искачи на 325, додека во овој момент се пронајде и две тела на девојче и тинејџерка.

Имено според албанските медиуми најмалку осум луѓе загинале до овој момент, а меѓу нив се и две девојчиња на 10 и 18 годишна возраст.

Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на 10 и 18 годишните девојки под рушевините во Драч.

Освен во Драч две жртви засега се потврдени и во градот Турам на 30 километри од Тирана.

Во овој момент повеќе од 10 луѓе се наоѓаат под рушевините во Драч, а спасувачките екипи од рано утрово со сиот напор се обидуваат да ги спасат истите.

Инаку серија земјотреси се почувствувани и во Македонија, но и низ целиот Балкан.

 

Најчитани вести