Loading..

Земјотресот кој утринава го разбуди речиси целиот Балкан најмногу се почувствува во Албанија и во градот Драч каде до овој момент има седум жртви и над 300 повредени.

Најсилниот земјотрес утринава во 3:54 минути со локална рихтерова магнитуда од 6.3 степени беше почувствуван и на целата територија на Република Македонија.

Утринава на социјалните мрежи се појави и видео од Гостивар каде бил снимен земјотресот кој ги разбуди речиси сите во земјава.

Инаку потресот во Албанија утринава освен жителите на Македонија го почувствуваа и жителите на Црна Гора, Србија и Хрватска.

Најчитани вести