Loading..

Се подготвуваат за 10-15 минути. Многу се вкусни и заситуваат.

Состојки:

• 500 гр. готови кори за пита

• 500 гр, сирење

• 3 jajца

• 2 лажица гриз

• сол

• 1 пециво

• 80 мл масло •

150 мл јогурт

• 50 мл кисела вода

Подготовка:

Во длабок сад сирењето се дроби на ситни парчиња а потоа се додаваат сите останати состојки една по една и сите заедно добро се мешаат.

Мал дел од смесата се трга на страна за премачкување на полжавчињата.

Се земаат по две кори кои се попрскуваат со масло, се премачкува со смесата по целата површина, се витка во форма на полжав и се редат во подмачкана тепсија.

Откога ќе се наредат сите полжавчиња се премачкуваат со сместата која предходно е одвоена.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Најчитани вести