Skip to main content
x

22 Nov 2019 - 22:05
sportmedia
Статија
Loading..

Страствен навивач на шкотскиот второлигашки клуб Патрик Тристл, Колин Вир, станал главен сопственик, со 55 посто од акциите, откако парите кои ги освоил на лотарија одлучил да ги вложи во клубот.

И не само тоа. Тој им го подарил клубот на навивачите. Поточно фановите формираше здружение „Тристл засекогаш“ кое координира околу превземањето на клубот, кој во иднина ќе биде управуван и од бизнисмени и од претставници на навивачите.

Вир во 2011 година освоил на лотарија 161 милион фунти и веднаш вложил 2.5 милиони фунти во клубот, додека подоцна за нов трениг центар одвоил уште шест милиони фунти.

Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Шкотска во 1921 година.

sportmedia.mk

Најчитани вести