Loading..

Под силна полициска заштита денеска е отворен најпознатиот Божиќен панаѓур во Франција, во Стразбур. Пред една година терорист на овој панаѓур со нож и пиштол уби пет лица, по што беше убиен од полицијата.

На годинешниот Божиќен панаѓур има 500 полицајци во цивилна облека, а на влезот ќе се претресуваат сите посетители, соопштија властите.

Стразбур очекува од саемот да заработи 250 милиони евра, со инвестиција од околу пет милиони евра, вклучително и безбедноста која годинава чини еден милион евра.

извор: Makfax

Најчитани вести