Loading..

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, се повредил на конгресот на Европската народна партија во Загреб. Заради тоа, по враќањето во Италија, веднаш бил примен во болница во Милано, пишува весникот „Кориере дела сера”.

Лидерот на партијата „Форца Италија“, на барањето на некое лице во Загреб, кое сакало да се фотографира со него и додека го правеле селфито, Берлускони паднал, и го нагмечил бедрото. Тој се вратил во Милано по завршувањето на конгресот и вднаш побарал лекарска помош.

При прегледот во клиниката во северниот италијански град не била утврдена никаква фрактура, туку само хематом на колкот. Берлускони неколку дена ќе остане под будното око на лекарите во болницата.

Партијата денеска преку соопштение ги демантираше гласините дека тој требало под итно да биде транспортиран од Загреб до Милано заради падот.

извор: Makfax

Најчитани вести