Loading..

Екваторијална Гвинеја соопшти дека пирати киднапирале седум луѓе од разни националности во Гвинејскиот Залив, меѓу кои и Срби.

Како што се наведува, пиратите во средата го нападнале бродот за снабдување на компанијата „Ексон мобајл“, во близина на нафтеното поле Зафиро, пренесе АП.

Според соопштението, на бродот имало 15 членови на екипажот по потекло од Јужна Африка, Филипините, Србија и од Камерун.

извор: Makfax

Најчитани вести