Loading..

За две и пол години сум одработил и 20 пати повеќе од вредноста колку што сум примил, вели Мирослав Грчев советник во Владата на Заев, за кого порталот Фактор објави сума од 17.000 евра кои ги примил архитектот и активен борец во тн. шарена револуција.

– Во тој временски период, заедно со работната група сработивме 15-тина обемни елаборати и студии на различни случаи. Покрај останатите обврски и проекти како советник на Заев, ги изработив и Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и класификацијата и категоризација за видови градби, нешто што е за првпат направено во земјата. Тоа се огромни текстови и елаборати, за кои, еве да не зборувам за поранешните влади, ќе кажам за странските, се плаќаат по повеќе од 100 илјади евра за изработка на тие закони. Така што, за две и пол години сум одработил и 20 пати повеќе од вредноста колку што сум примил, објаснува Грчев во Република.

Грчев, кој е советник во Министерството за култура, но и на премиерот Зоран Заев, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за 2,5 години, од Министерството за култура и од Владата добил исплати на вкупна сума од 17.000 евра,објави Фактор.

Исплатите, како што пишува порталот, почнале од 12 април 2017 година, кога нему во истиот ден му биле извршени исплато од 12 и 20 илјади денари, а потоа продолжуваат во текот на наредниот период. Сумите се движат меѓу 10 илјади и 40 илјади денари по исплата. Обично исплатите се два пати месечно ако се поголеми, а доколку се помали износи, регистрирани се исплати во повеќе наврати во текот на месецот. Последната исплата во документот што го добиле во порталот е на 10 октомври, на износ од 40.000 денари.

Исплатите биле вршени во повеќе наврати и од Министерството за култура, и од Владата.

Во април лани Димитар Грчев, син на Мирослав Грчев, на неговиот Фејсбук профил ја потврди информацијата дека тој е вработен во ЕЛЕМ.

– Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип, напиша тогаш Димитар Грчев, синот на советникот Грчев.

Мирослав Грчев епрофесор и архитект, жесток противник на претходната власт и особено на проектот Скопје 2014.

Најчитани вести