Loading..

Авион на филипинската компанија кој од Лос Анџелес требало да лета за Манила принудно слетал кратко откако полетал поради расипан мотор. За среќа, никој од 347 патници и 18 членови на екипажот не се повредени.

До инцидент дошло кога пилотот на Боинг 777 објавил вонредна ситуација и можен дефект на моторот, соопштил портпаролот на аеродромот во Лос Анџелес, додека еден од патниците рекол дека видел пламен од моторот.

По пријавата за дефект на моторот  авионот со сите патници се вратил на аеродромот, каде е изгасен пламенот.

Се наведува дека принудното слетување не го загрозило летот на останатите летови.

Засега не е јасно поради што настанал пожарот во авионот.

Најчитани вести