Loading..

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена за дадилката која вчера тепаше двегодишно дете во игротека во Скопје.

„Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска доцна попладне, пред судија не претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж.П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл. 201 ст.1 од КЗ. Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решени со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП“.

извор: Makfax

Најчитани вести