Loading..

„Лична Илина“ е насловот на првата авторска песна на битолската група „Динамика“, група составена од млади музичари која постои две години. Текстот за оваа народна песна е на Драган Матески, а аранжанот на Златко Миладиноски. Аудиото, пак, е снимено во студиото на Љупчо Павловски, а видеото го изработи „Арт студио“.

„Македонската музичка традиција е непресушен извор за создавање на песни со народен мелос. Ние како млади музичари сме должни пред сите почитувачи на народната македонска песна да создаваме квалитетна музика со луѓе кои одлично си ја познаваат својата работа и се веќе докажани имиња во светот на музиката кај нас. Чест и задоволство ни е што од соработката со целиот тим се роди ова наше прво чедо кое сакаме да допре до повеќемина, велат момците од „Динамика“ , додавајќи дека наскоро ќе промовираат уште еден музички проект. 

 

 

Најчитани вести