Loading..

АД Електрани на Северна Македонија е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

По одржаната аукција избрана е понудата на АД ЕСМ за 1.408.525 мегават часови електрична енергија по цена од 34.5 евра за мегават час, за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 и 60 мегавати базна моќност по цена од 34.5 евра за мегават час, за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020.

АД ЕСМ ја задржа истата цена како и во изминатиот период.

„Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го задолжи ЕСМ на аукцијата да ја понуди утврдената цена. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека за нашата електрична енергија понудивме цена којашто ќе овозможи цената која граѓаните ја плаќаат на крајот да биде прифатлива и непроменета за нив, а без финансиски последици за АД ЕСМ. Компанијата и оваа година, како и претходната, остварува значајна добивка“, соопштија од ЕСМ.

извор: Makfax

Најчитани вести