Loading..

Горан Т. од селото Ливадица близу градот Велика Плана, Србија, влетал во средно училиште и отворил оган од автоматска пушка.

Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, мажот на два пати пукал од оружјето, а се наведува дека нема повредени лица.

На друштвените мрежи по пукањето се појави фотографија за која се претпоставува дека настанала во средното Економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ во градот Велика Плана.

На фотографијата која е објавена со коментар „пукотница моментално се случи во моето училиште“, се гледаат ученици како стојат во дворот на училиштето.

За среќа повредени нема, а Горан го совладал професор од средното училиште.

Како што неофицијално се дознава, Горан наводно кај себе имал и рачна бомба, пиштол и експлозив тротил.

Според неофицијални информации станува збор за лице кое има психички проблеми.

Полицијата е на местото на инцидентот.

Најчитани вести