Loading..

За 4 години Катица Јанева добила 340.000 евра, а ништо полоши не се ни останатите обвинители од СЈО чии заработени пари исто така изнесуваат над 250.000 евра.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ги објави сумите колку имаат заработено обвинителите и посочувајќи дека додека тие вртат стотици илјади евра, народот скенира фискални сметки.

За 4 години по основ на плата, спорни хонорари за доверливост, репрезентации, патни трошоци и дневници, обвинителите од СЈО добиле отприлика по:

Катица Јанева = 340.000€

Фатиме Фетаи = 285.000€

Гаврил Бубевски = 285.000€

Трајче Пеливанов = 270.000€

Артан Ајро = 270.000€

Лиле Стефанова = 270.000€

итн. итн.

Народот нека скенира фискални сметки!“ пишува Милошоски

Трошоците со репрезентацијата и патни трошоци , можеби и се помали од реалните трошоци, но сепак станува збор за огромни суми на пари кои изнесуваат стотици илјади евра.

 

Најчитани вести