Loading..

Специјалци интервенираат помеѓу спор на ЕВН и селото Грчец кое  живее во темнина, без струја. Не знаат уште колку време мака ќе мачат со секојдневните обврски и чекаат на реакција од надлежните и затоа решија да протестираат пред пунктот на ЕВН во Ѓорче Петров.

Децата три дена пропуштаат настава заради големиот студ во училниците рано наутро. Луѓето носат облека на перење кај блиски или познаници, а се снаоѓаат за греење.

Од ЕВН тврдат дека проблемот е во жителите коишто не дозволуваат да се реконструира електроснабдувањето во селото затоа што дел од нив се приклучени нелегално.

„Екипите на Електродистрибуција излегуваат на терен кога е безбедно за работење и кога не се попречувани. Но, веднаш по отстранувањето на дефектот останува старата болка, оние што нелегално ја користат електричната енергија и не дозволуваат да се реконструира, создаваат големи товари и повторно се јавуваат дефекти. Овој пат дефектот е од потежок карактер, веќе не е на нисконапонска мрежа туку на среден напон, што потешко и подолго се решава.“ – соопштија од ЕВН

Селаните од Грчец кои ни кажаа дека не веруваат дека станува збор за дефект, очекуваат во најбрзо време повторно да светнат светилките во нивните домови, а засега се уште не дејствувале организирано. Едниот од нив си ги кажа маките со коишто се соочува во изминатите три дена и ги праша надлежните како да се грее на дрва ако со тоа го загадува воздухот, а нема друг избор.

Најчитани вести