Loading..

Фолксваген (VW) планира да инвестира над 4 милијарди американски долари на кинескиот пазар следната година, изјави извршниот директор на VW Групацијата на Кина, Стефан Воленштајн на автосалонот во Гуангжу.
       
VW во оваа инвестиција ќе влезе со своите кинески партнери, а до 40 проценти од овие средства ќе одат на електрични возила, поточно две фабрики што ќе произведуваат целосно електрични возила.
        
„Денес, скоро секој петти автомобил се продава во Кина од страна на групата VW. Во предизвикувачко опкружување на пазарот, нашата стратегија е успешна. Со нетрпение ја очекувам следната година, кога обемот на нашето локално производство значително ќе се зголеми“, рече Воленштајн.
        
Тој додаде дека успехот во сегментот на електрични возила ќе биде клучен двигател кон нивната цел за одржливост.VW очекува до 2025 година да достигне продажба на 1,5 милиони електрични возила и да произведе 30 различни модели во Кина.

извор: Makfax

Најчитани вести