Loading..

Службеничка во фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Тузла, со чекан била нападната од лице со иницијали Ѓ. В. кој и задал дури 36 удари.

Според информациите на локалните медиуми, напаѓачот бил совладан од обезбедувањето, при што биле повикани полиција и брза помош.

Од  Универзитетскиот клинички центар на Тузла известуваат дека службеничката моментално е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.

Напаѓачот веднаш бил уапсен, но не се познати мотивите за нападот. 

„Засега не сме запознати дали субјектот има отворен случај со нас или дека индиректно е поврзан со друг предмет. Напаѓачот и пристапил на вработената без никакво барање или приговор и почнал да ја тепа. И посакуваме на нашата вработена брзо закрепнување и се надеваме дека надлежните институции ќе го казнат овој насилен чин на вистински начин “, соопштија од Федералната канцеларија на ПИО / МИО.

Најчитани вести