Loading..

Полициски службеници утринава го посетиле домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева каде што ја издржува мерката куќен притвор.

Порталот Фактор јавува дека полицајците се задржале кратко во зградата, по што си заминале.

Јанева е во домашен притвор откако Апелациониот суд мерката притвор ја замени со домашен поради како што стои во решението жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист.

Таа е обвинета за две кривични дела и тоа  „Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Најчитани вести