Loading..

Скопската публика вечерва ќе има ретка можност одблизу да поразговара со филмската екипа на „Врба“ и да постави прашања врзани со филмот. Веднаш по завршувањето на редовната проекција од 20 часот во киното Милениум, гледачите ќе присуствуваат на сесија прашања и одговори со главните актерки и актери во филмот.

Филмот, за 20 дена од македонската премиера, го гледале повеќе од 20.000 илјади гледачи во Синеплекс и Милиниум во Скопје и во речиси сите градови од земјава.

Приходот од проекцијата во Делчево на 3. декември ќе биде дониран во Дневниот центар за лицата со посебни потреби.

По светската гала-премиера во Рим, „Врба“ ја имаше азиската премиера на фестивалот во Тајпеј, каде Милчо Манчевски беше режисер во фокусот. Неколкуте проекции на „Врба“, како и проекциите на неговите останати филмови, беа целосно распродадени, а тој одржа и мастерклас за обожавателите.

извор: Makfax

Најчитани вести