Loading..

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 8 до 9.30 часот објектот на „Бурдем пластика“, како и објектите што се напојуваат од истата трафостаница во село Студеничани (општина Студеничани);
– во периодот од 8 до 11 часот корисниците од булеварот Партизански одреди бр. 82, како и објектот на бензинската пумпа на „Макпетрол“ (општина Карпош);
– во периодот од 8 до 13 часот корисниците од улицата Стојко Јовановски, како и дел од корисниците од улиците Максут Садик и Џон Кенеди (општина Чаир);
– во периодот од 8.30 до 12 часот дел од корисниците од улиците Сердарот и Герника (општина Кисела Вода);
– во периодот од 9 до 14 часот дел од корисниците од село Бразда (општина Чучер Сандево);
– во периодот од 9.45 до 10.45 часот корисниците од населените места во цела општина Зелениково (општина Зелениково);
– во периодот од 10.30 до 12 часот дел од корисниците од село Драчево, лоцирани кај „Марлес“ (општина Кисела Вода);
– во периодот од 11 до 13 часот дел од корисниците од село Студеничани, како и објектот на фабриката „Фруктал“ во село Студеничани (општина Студеничани);
– во периодот од 13 до 14.30 часот корисниците од селата Студеничани и Морани (општина Студеничани).

извор: Makfax

Најчитани вести