Loading..

Младите си заминуаат бидејќи се на голема мака. Нема правда бидејќи и понатаму има заробени институции од партиски кадри, вели Арбр Кадриу од Албанската платформа за младите во вечерашното издание на емисијата „Патот кон” на Алсат тв.

„Имаме заробена држава, жалам, не сакам да кажам ни држава, туку место во живее одредено население. Не е држава затоа што нема гласачи. Во сите институции вработените се вметнати од партија. Младите се запоставени. Гледате како е создаден масовен егзодус на младите Албанци. Го имавме Никола Груевски кој ги направи најголемите монтирани случаи кои имаа влијанија врз дијалогот меѓу Македонците и Албанците.  Тој вметна конфликт и замина, таму е слободен. Дали некој презеде одговорност? Не. Ниту премиерот Зоран Заев, ниту некој од неговата Влада. Груевски сега живее луксузно, по хотели, слободен е и мирен. Дали одговара некој за него?! Никој. Ова е факт, затоа младите не ја сакаат својата земја. По сите ветувања за заедничко општество, за земја каде сите ќе имаат права, ќе се почитуваат законите, Владата на Заев ништо не оствари. Можеби немаат механизми, можеби периодот е многу краток, но барем темелните вредности требаше да ги применуваат“, вели Кадриу.

Извор: АлсатМ

Најчитани вести