Loading..

Долго се сметало дека познатата песна „Димитрио, сине Митре“ е народна песна. Како што беше дознаено многу подоцна тоа не беше вистина. Песната е напишана од Стана Аврамовиќ Караминга од Врање. Стана во своето време била многу позната пејачка од Врање и модел на многу познати пејачи од поранешна Југославија.

Стана починала во 1969 година и на нејзиниот погреб ја пуштле нејзината песна на нејзино барање. Таа низ животот пеела неколку верзии на оваа насекаде позната песна. Пред нејзината смрт, Стана им раскажала на пријателите „не реков сè, не е за песната“ па патем раскажала и како е направена песната „Димитрио, сине Митре“.

Песната е инспирирана од приказната за Димитрије си на неговата мајка Стана, кој бил внук од сестра на нејзиниот татко, и по која Стана и оваа позната пејачка го добила името. Нејзиниот татко Тома бил чичко на опејаниот Димитрије. Приказната за судбината на Димитрије ја дознала од нејзината мајка, која и ја раскажала кога веќе била стара, ебзмалку пред умирање, и слушнатото длабоко ја потресло пејачката Стана која решила Димитрије да го опее во песната.

Димитрије се омажил за девојка по име Стана за кој се зборувало дека била најубавата девојка од Врање до Ниш. Тие многу се сакале но не можле да имаат деца. Како што одминувале годините, семејството почнало да станува здодевно и да притиска за поскоро затрудунување на невестата, така, на пример, кога оделе во црква во недела, свекрвата Боса говорела: „Ајде, сине, ајде веќе време е, па догодина од црква да се враќате со дете “.

Присоците создавале грижа и тензии кај Димитрије и Стана, немир влегол во нивниот живот со текот на времето, Димитрије започна да и префрла на жената: „Бадијала Стано твојата убавина, кога не ми роди ни син ни ќерка. Сите се колнат во децата, а јас се колнам во тебе! “

Од несреќата што ја нашла Стана ја загубила и среѓата и мирот и решила да си го одземе животот, да се обеси. За среќа во тоа ја спреќил чичкото Тома, татко на пејачката Стана Аврамовиќ Караминга.  Соочен со заканата дека ако не тогаш, Стана наскоро пак би можела да се обиде со самоубиство се обидува да и помогне со тоа што ја советува тајно да зачне бебе со друг маж и така да го израдува семејството.

Стана навистина забременила, и тоа доцна за тие времиња, на четириесетгодишна возраст со друг маж. Среќата полека се враќала во семејството, сите се грижеле за неа и ја чувале од работа за да ја помине лесно бременоста. Но, породувањето било тешко. За жал, Стана починала, но детето преживеало.

За настанот дека нејзината снаа Стана имала односи со друг и забременила од зборовите на својот брат Тома дознала и мајката на Димитрије, Боса, и како што се пее во песната - била несреќна дека снаата Стана го изневерила нејзинот син Димитрије.

Откако поминале седум дена од погребот Томо, чичкото на Димитрије, решил да му ја открие болната вистина.

- Пред да одиме во гробот на Стена морам да ви кажам нешто. Ја издовме Стана за да роди, прво мајка ти, ти не и даваше мир, а потоа и јас. Така е. Стана дојде до време да дигне рака на себе и јас ја советував да зашне со друг по мој совет и избор, и затоа сакам да знаеш дека детето не е од тебе“, му рекол Томо во тоа време на збунетиот Димитрије.

Сепак, Димитрије покажал црвстина во тој момент и му одговорил на чичко му со зборови кои го изненадиле.

- Ако, чичко, не е важно. Сакавме да посвоиме дете, и ова е барем мојата Стана го роди - рекол Димитрије тој во тоа време.
Следниот ден, на гробот, пред роднините додека на Стани и ја давале првата погрбна сабота, седум дена од смртта, Димитрије прво на семејството му дал упатства каде него да го погребаат, по што извадил пиштол.
„Тука, покрај мојата Стана да ме погребате“, рекол Димитрије, и пред некој да може да го сопре го извадил пиштолот и се самоубил.

Седум дена по смртта на Стана загинал Димитрије, и три дена по синот неговата мајка Боса умрела од тага. Трагедијата не завршила тука, не поминале ни неколку месеци а починал и чикото Тома, таткото на пејачката Стана Аврамовиќ Караминга.
 хероинате од оваа приказна.

Песната „Димитрио, сине Митре“ во која има исклучително длабоки емиции и вистина, има голема болка и семејна трагедија, пеена е од многу познати пејачи со децении: Најпознати се Станиша Стошиќ, Василија Радојчиќ, Биља Крстиќ, па дури и групата Азра, како и многу други. Оваа видео изведба на Биља Крстиќ се смета за една од најубаво испеаните верзии.

Најчитани вести