Loading..

Сопругата на Илија Спасојевиќ (32) кој е репрезентативец на Индонезија почина во средата на 20 ноември во 00:52 минути после полноќ, пренесува bolasport.com

Убавата блогерка Лети Спасојевиќ се лекувала во болницата на Бали, а во истата и починала по само два дена. Како што наведува тамошниот медиум Лети починала по тешката инфекција на белите дробови. 

Спасојевиќ е репрезентативец на Индонезија од 2011 година и го носи дресот на Бали, таму ја запознал и сопругата со која во брак ги доби двете деца, синот Драган и ќерката Ирина.

Колку фудбалерот ја сакал говори и фактот што тој за многу повеќе пари не сакал да ја напушти Индонезија и лигата во која игра, а поради сопругата решил да заигра и за нивната репрезентација.

Илија е роден во Бар, Црна Гор, а по настапите за Србија, Црна Гора и Грција се пресели во Индонезија.

Најчитани вести