Loading..

Повеќе од четири часа советници од кај Народниот правобранител Иџет Мемети вчера разговарале со Бојан Јовановски во затворот во Шутка, дознава ТВ21.

Ова следува откако на наменска прес конференција неговиот адвокат, Сашо Дуковски рече дека на Јовановски не му се дава соодветната терапија и дека условите во затворот се лоши, а бил и дискриминиран поради неговата сексуална ориентација.

Од страна на Народниот правобранител за ТВ21 ја потврдуваат информацијата дека нивни тим бил во посета на Јовановски и велат дека Јовановски е задоволен од условите во затворот, а и тимот од Народниот правобранител не утврдил нерегуларности.

Од канцеларијата на Народниот правобранител додаваат дека останува да се проверат релациите и протоколите кои биле преземени на клиниката за гастро.

Бојан Јовановски е во притвор од 15ти јули кога обвинителството ја отвори истрагата за случајот “Рекет”. Од поминати 120 дена во притвор, Јовановски до сега бил 30 пати на преглед во болница. Вчера од одделенијата каде беше Јовановски демантираа дека не му била пружена медицинска помош и дека не биле извршени потребните лекарски прегледи.

Најчитани вести