Loading..

Во Албанија деновиве на големо се зборува за еден секс скандал, каде е вмешан странски амбасадор. За видеото има прозборено и претседателот на државата Илир Мета, пренесува Газета.

Според пишувањата на албанските медиуми, видеото се држи од страна на неколку лица за притисок и уценување.

Но, видеото веќе почна да циркулира меѓу другари, на почетокот во неколку места а потоа падна и во рацете на државната разузнавачка служба.

Во видеото протагонисти се еден странски амбасадор на држава пријател на Албанија, и вработена во министерството за внатрешни работи на Албанија.

Според пишувањата објавувањето на видеото освен дипломатски секс скандал може да предизивика и уништување на приватниот живот на протагонистите на видеото.

Одамна видеото се наоѓа и во рацете на претседателот Илир Мета, кој пред неколку денови за прв пат прозборе за неа, додавајќи дека видеото е подготвено и дека може во секој момент да ја објави во медиумите.

Најчитани вести