Loading..

ЗА СДСМ "КРИВА" ТРАСА Е НИВНИОТ ПРАВ ПАТ, велат од комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ

Во 2014та се означува почеток на автопатот Кичево кон Охрид со вкупна вредност од 375 милиони евра. Истиов автопат се гради со силен интезитет до 2017-тата година кога власта ја превзема СДСМ. До овој момент реализацијата на градбата беше над 50%. Откако ја преземаа власта од СДСМ почнаа со обвинувања дека трасата е погрешена, односно била крива, иако неодамна најстручниот човек во СДСМ г-динот Благој Бочварски јавно призна дека трасата не била искривена, потенцираат од партиската комисија.

Од таму додаваат дека најдоа стотици причини само да ја закочат изградбата на автопатот Кичево - Охрид и да ја зголемуваат неговата вредност за фантастични дополнителни 350 милиони евра.

Логичното прашање е: како може во 2014-та изградбата на тотално целиот нов автопат да чини 375 милиони евра а сега за наводни пропусти во проектот да се додадат дополнително 350 милиони евра? Нема логика нели? И самите функционери од СДСМ го знаат ова. Оваа пролет, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ветуваме дека автопатот кој го започнавме ќе го завршиме во рекордно брзо време, посочуваат од комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести