Loading..

Градоначалникот на Општина центар, Саша Богдановиќ оствари работна средба со  Претседателот на Република Србија, г-динот Александар Вучиќ на која како што напиша ги договориле следните чекори во реализација на отварање на културните центри во Белград и Скопје.

Разговаравме за правата на помалкубројните заедници како и за изучувањето на јазиците и културата на помалкубројните заедници. Претседателот Вучиќ ги изрази своите искрени намери за продлабочување на добрососедските односи со Република Северна Македонија.“, вели Богдановиќ

Богдановиќ средбата ја искористи да му подари на Вучиќ слика од неодамна одржаната трибина и изложба на еден од најуспешните градоначалници на Скопје, Јосиф Михаиловиќ, организирана од СПОНА - Културно-информативен Центар на Србите во Македонија.

Најчитани вести