Loading..

Фолк пејачката Цеца полека, но сигурно ги завршува подготовките за венчавката на синот Вељко и снаата Богдана Родиќ, која во недела ќе се одржи во еден од хотелите во Белград.

Поканите за свадбата на деценијата минатата недела пристигнаа на секоја адреса, а во нив има и правила како да се облечат и однесуваат гостите на свадбата.

На жените им се предложува да се појават во долги, елегантни фустани, додека пак мажите во костуми. Така, се планира се да биде гламурозно на свадбата на Вељко и Богдана, така што девојките треба да заборават на мини фустани и голи стомаци.

Свадбата ќе биде убава и гламурозна. Цеца се погрижи за секој детаљ, исто како Вељко и Богдана. Посебно внимание посветуваа и на кодексот за облекување. Бидејќи се ќе биде врвно на свадбата, на која ќе присуствуваат повеќе од 500 гости, тие решија на поканите да им потенцираат кој стил на облекување е пожелен,“  вели извор близок до пејачката, додавајќи дека  Цеца ќе ги почитува свадбените обичаи.

Вељко заедно со сватовите ќе оди во Тител по невестата. Додека пак Богдана, ноќта ќе ја помине со Вељко, а утрото само неколку часа пред него ќе отиде во својот дом каде ќе се подготви за доаѓањето на Вељко, завршува изворот.

Најчитани вести