Loading..

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов направи нов гаф, овој пат во емисијата Само Вистина на Канал 5 каде што се обиде да објасни дека екс градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ направиле грешка кога во општина Ѓорче Петров именувале улица според наводниот убиец на револуционерот Борис Сарафов.

За Шилегов именување на улица според Сарафов било перверзија и лудило на ВМРО.

Проблемот е што за Шилегов да е во право Сарафов требало 14 години по својата смрт да станал од гробот за да го убие Ѓорче Петров.

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека Шилегов подобро од македонска историја познава некои други области од животот.


Шилегоff го осуди Коце затоа што пред еден век "Борис Сарафов го убил Ѓорче Петров".
А факт е дека Сарафов загинал во 1907 година, цели 14 години пред да биде убиен Ѓорче Петров во 1921 година.
Но, исто така е факт дека ниту Ѓорче, ниту Сарафов во нивните бурни револуционерни животи, заедно немале испиено толку колку што Шилегоff има излокано во последниве 3-4 години, ниту пак го ветиле тунелот под скопското Кале, Зип лајнот, ниту мостот преку Вардар кај Карпош-4!!!, пишува Милошоски во коментар на изјавата на Шилегов

Најчитани вести